Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ.

19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч. Тој игра на крилната позиција. Во својата кариера покрај Силекс има настапувано за Охрид и Воска. 18-годишниот Давор доаѓа од редовите на Работнички, тој игра на левата бековска позиција, соопшти ГФК Охрид.

Во рамки на подготовките за вториот дел од сезоната, водечката екипа во Втората лига утре (петок), ќе одигра контролен натпревар со Струга.

Мечот ќе се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ со почеток во 14 часот.