Турнирот во БиХ е еден од најквалитетните на Балканот, а клубот “HWA RANG ITF“ го преставуваа двајца натпреварувачи Зоран Донев и Наум Пацески.
Донев во сениорска конкуренциja до 71 килограми го освои сребрениот медал додека во истата категорија Пацески се закити со бронзенето одличје.
Од клубот “HWA RANG ITF“ истакнаа голема благодарност до Општината Охрид и градоначалникот Александар Петрески, кои им го овозможиле патувањето и учеството на еден од најквалитетните турнири на Балканот.