Две одвоени судења против Мерко денеска во Струшкиот суд
05.03.25 09:10
Денеска во Основниот суд во Струга продолжува судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга и за поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.
Расправата за набавката на луксузниот автомобил почнува од почеток поради промената на судечкиот судија, кој на претходното рочиште побара време да ги разгледа списите за случајот. Тој судски процес почна во април минатата година, а Мерко се товари за злоупотреба на службена положба, поради набавката на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои луксузен автомобил „Ауди А6“, со што го оштетил буџетот на Општината спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.
Денес треба да продолжи и судскиот процес за поставена плоча на влезот на општинската зграда. Мерко, како градоначалник на Општина Струга во март минатата година, поставил спомен обележје, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја. На предлог на обвинителството одземен му е пасошот и треба еднаш неделно да се јавува во судот.
Концертот на светски познатиот музичар Владимир Четкар синоќа во Camping Ljubanista вечери долго ќе се памети Музичкото патување за дел од публиката започна уште во Охрид, од каде со бродови присти...
Летниот фудбалски трансфер пазар продолжува со големи зделки низ Европа Меѓу најзвучните официјално потврдени трансфери во последните денови се преселбата на Бруно Гимараеш во Арсенал, ангажманот н...
Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот Попладне наместа ќе има услови за изолирана нест...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.