СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(35) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. Во ноември 2011 година, во Охрид од страна на полицијата при извршен преглед над пријавениот пронајдена е 0,25 грама наркотична дрога „хероин“.

СВР Охрид поднесе кривична пријава i против В.Ј.(31) од Охрид за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотична дрога“. Во декември 2011 година, во село Лескоец-охридско, пријавениот откако набавил наркотична дрога-марихуана, повикал негов пријател и во возило  овозможил да користат од истата. При извршен преглед од страна на полицијата, кај пријавениот е пронајдено 3,1 грам наркотична дрога марихуана, соопшти МВР.

OhridNews