Центар за култура „Григор Прличев“

Од 16.02.2022 - 19:00 до 16.02.2022 - 21:00

Филмот „Сигурност“ следната недела пред охридската публика. Kино проекции се закажани за во среда (16.02.2022) и четврток (17.02.2022) почеток 19.00 часот. Цена на карта 100 денари.Во кратката содржина за филмот се наведува дека канцелариска зграда посакува да ѝ се случи љубовна приказна пред да ја урнат. За да ѝ се случи таква приказна избира осаменици, оние кои ја обезбедуваат зградата во ноќните часови, ги чистат тоалетите, експериментираат со рецепти или го вежбаат својот последен говор. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.

Филмот е драма издаден во 2019 година во режија на Кармен Штадлер. Времетраење на филмот е 117 мин, а е наменет за публика над 12 години.

Премиерата на филмот во Македонија беше во февруари 2022 година.

Проекциите ќе се одвиваат согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика. За влез во Центарот за култура потребно е да се поседува и приложи сертификат за извршена имунизација од вирусот Ковид-19 со две дози вакцина, или сертификат  за прележан корона вирус во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Сертификатите не се однесуваат за лица под 18 годишна возраст.

OhridNews