Две ученички загина, а уште најмалку седум се повредени во експлозијата што утрово се случи пред гимназија во италијанскиот град Бриндизи.

Според едни информации експлизивната направа била оставена во контејнер пред училиштето кое се наоѓа во близина на главниот суд во Бриндизи, додека според други, се работи за две бомби кои биле поставени во школски ранци покрај билборд во училиштето, кое го носи името  „Francesca Morvillo Falcone“, инаку сопруга на убиениот италијални обвинител и еден од најголемите борци против Мафијата Џовани Фалконе. Двајцата беа убиени од Сицилијанската мафија со 500 килограми експлозив поставен под коловозот на половина пат од аеродромот во Палермо до градот. Атентатот се случи на 23 мај 1992 година, по што се појавија шпекулации дека зад нападот стои мафијата.

Официјално засега се уште никој не ја има преземено одговорноста за нападот.

OhridNews