Со свеченост што ќе се одржи денеска во Св. Наум, „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД Скопје – Друштво за неживотно осигурување, ќе одбележи две години успешното работење и шест години како дел од  групацијата „Croatia Osiguranje d.d.“.

По тој повод, на свеченоста  претседателот  на Управниот одбор на „Croatia Osiguranje d.d.“ Загреб, Здравко Зринушиќ ќе се заблагодари за досегашната успешна соработка.

На свеченоста ќе бидат доделени признанија за најуспешните продавачи во интерната и екстерната продажна мрежа на „Кроација Осигурување“. Критериумите за оценка на најуспешните се обемот на реализирана продажба во последните 15 месеци, остварувањата во однос на планираните цели и градење на имиџот на компанијата во меѓусебните односи со клиентите.

Свеченоста ќе биде збогатена со пригодна културно-забавна програма.
 
Квалитетот на своето работење, компанијата го докажа преку постојаниот напредок изминатава година согласно својата деловна ориентација и висока општествената одговорност. Со понуда на одлични производи и услуги и со постојан развој на продажната мрежа, „КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ АД – Друштво за неживотно осигурување, цели кон градење на довербата кај клиентите.

OhridNews