Единасетгодишната пливачка Тамара Трајковски, Македонка која живее во Виена, имаше одличен настап на престижниот „Wiener cup“ што се одржа изминатиот викенд во австриската престолнина. Тамара во првото издание на „Wiener cup“ за 2012 освои две втори места.

Тамара која се натпреварува во австриското првенство до второто место доплива во нејзините најдобри дисциплини, 50м грбно каде оствари резултат 36,36 сек. и 50 метри пеперутка каде постигна време од 36.00 сек.

Веќе за две недели Тамара ја очекуваат нови искушенија на тридневен пливачки турнир.

OhridNews