Фудбалскиот клуб Вардар во еден промовираше двајца нови фудбалери кои доаѓаат надвор од стариот континент. Скопските „црвено црни“ се засилија со Итало Хозе Оливеира дос Сантош од Бразил и Мустафа Куајнoр од Гана.
Задача на 29-годишниот Итало ќе му биде да ги тресе противничките мрежи, додека 22-годишниот Ганец дејствува на средината од теренот.
– Многу сум среќен сум што дојдов во Вардар и овој клуб за мене претставува нов предизвик во кариерата. Верувам дека брзо ќе се прилагодам на екипата и со нетрпение чекам да заиграм со моите нови соиграчи. Сега е на мене да почнам да тренирам со мојот нов тим и што побрзо да се подготвам за сезоната и да ги оправдам очекувањата од клубот. Пред да дојдам тука научив дека дека Вардар е најтрофејниот македонски тим и дека е три пати по ред шампион. Се надевам дека и во оваа сезона Вардар ќе успеее да ја одбрани титулата и повторно да биде шампион и да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така знам дека екипата игра во плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче и се надевам дека Вардар ќе излезе како победник и ќе успее да помине во групната фаза“, порача новиот играч на „црвено-црните. – изјави Итало за официјалниот сајт на Вардар.
Двајцата фудбалери ќе бидат ставени веднаш во погон од тренерот Гоце Седлоски и ќе конкурираат за престојните предизвици на Вардар во Европа и македонскиот фудбалски шампионат.
OhridNews