Поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки кражби“, вчера, во продавници за облека биле приведени две бугарски државјанки. Истите биле задржани во охридската полициска станица и се предадени во Основното јавно обвинителство-Охрид за понатамошна постапка.
Од министерството за внатрешни работи информираат за уште една кражба што се случила, овој пат во Струга. 37-годишен тетовчанец „заработи“ кривични пријави за сторени кривични дела „кражба“и три кривични дела „тешка кражби на дрзок начин“. На 2-ри авгут, во периодот од 15,30 до 20,00 часот, на градската плажа во Струга, пријавениот во згодна прилика од женска чанта одзел мобилен телефон и 5.000 денари.
Исто така, во периодот од 29.07. до 05.08. во Струга, во повеќе наврати во близина на Градскиот пазар, пријавениот при згодна прилика противправно одзел мобилен телефон и три паричници, во кои имало 580 евра и 20.400 денари.
OhridNews












