Карате клубот „Кун-су-то” од Охрид вчера со седум свои натпреварувачи учествуваше на меѓународниот карате турнир „Ѓорче Петров опен 2023″ во Скопје, каде освои 2 златни, една сребрена и четири бронзени медали.
Ова беше трет викенд каде неуморните каратисти освојуваат медали. Претходните два викенди учествуваа на меѓународен турнир Тетово Опен 2023 во Тетово и Струга Опен 2023 во Струга каде и на двата се покажаа во одлично светло и освоија медали. Нивното учество на сите овие турнири е проверка пред престојното државно првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори -21 година кое ќе се одржи во Скопје на почетокот на месец ноември, велат од клубот.
OhridNews












