Двегодишно девојче од кичевското село Кленоец кое вчера било пријавено од семејството за исчезнато, пронајдено е живо и здраво. Полициските екипи вклучени во потрагата го нашле помеѓу селата Кленоец и Извор во дол длабок десеттина метри.

– Врз девојчето ќе биде извршен медицински преглед, а со него ќе разговараат и службеници од центарот за социјална работа. Се преземаат и други мерки за расветлување на случајот. – изјави Стефан Димовски, портарол на СВР Охрид.

Во потрагата по исчезнатото девојче беа вклучени голем број припадници на полицијата, кучиња трагачи и дрон кој ја набљудувал областа.

Според пријавата, девојчето исчезнало вчера попладне откако нејзиниот вујко ја оставил на патот помеѓу селата Кленоец и Извор, бидејќи се пожалило дека повеќе не може да оди. Според неговиот исказ, кога се вратил тоа не било на местото каде го оставил. Од полицијата велат дека бил направен разговор со вујкото и се проверуваат сите околности со цел утврдување на вистината за случајот.

OhridNews