Центар за култура „Григор Прличев“

Од 05.03.2021 - 19:00 до 06.03.2021 - 19:00

Претставата “Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска, која наиде на одличен прием кај публиката,  претстојниот викенд ќе има двојна изведба. Таа ќе биде на репертоарот на НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид на 5 и 6 март, петок и сабота.

Во претставата играат: Гејб – Ивица Цонев, Џуди – Елизабета Стефановска, Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски. Сценографијата е на Борис Далчев и Ванчо Василев, костимограф е Ванчо Василев, а изборот на музика го направи Драгана Таневска.

“Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска.

Претставата почнува во 19.00 часот.

Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба денеска, на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид.

Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.

Претставата ќе биде изведена согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.

OhridNews