Во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19, од кои 6 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје 36,по што следи Штип со 23, а .во Струга е регистриран 1 новозаболен од Ковид 19

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Струга и пациент од Охрид, информира Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399, бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402.

OhridNews