Општинскиот стрелачки сојуз од Охрид во соработка со параолимпискиот сојуз на Србија в сабота и в недела со почеток од 11 часот ќе одржат презентација на стреличарството.

Презентацијата ќе се изврши во Бејбунар, а главниот збор ќе го имаат гостите од Србија. За сите заинтересирани спортисти и рекреативци вратите се отворени за присуство на презентацијата.

Мх.П.