Денес и утре во Охрид ќе се одржи состанок за идентификација на заедничките предизвици на потенцијалните и земјите-кандидати од ЈИЕ во областа на интегрираното управување со водите и шумите.

Како што е најавено, на средбата ќе учествуваат претставници од секторите за вода и шуми од министерствата за земјоделство во земјите од ЈИЕ, од јавните претпријатија, шумски здруженија, национални паркови и сродни невладини организации.

Во фокусот на техничка дискусија ќе се најдат меѓусекторската соработка и регионалната соработка меѓу секторите за стопанисување со водите и шумите во земјите на Југоисточна Европа, со цел да се изнајдат и надминат причините за нивно нефункционирање во моментот.

Настанот го организира Постојаната работна група за Регионален рурален развој на Југоисточна Европа, во соработка со германската развојна соработка (ГИЗ) во рамки на проектот „Зајакнување на регионалната соработка и вмрежување во шумарскиот и водостопанскиот сектор и одржлив развој во речните сливови на Југоисточна Европа“.

OhridNews