Sky Corner

Од 28.02.2020 - 22:00 до 29.02.2020 - 23:59

„Sky Corner“ го најавува одложеното гостување на еден од најдобрите балкански музичари, Неша Галија, кој, овој пат, ќе има два настапи во живо, на 28 и 29 февруари.

За долго очекуваниот настан, кој ќе се одржи во интимна атмосфера и амбиент со уникатен поглед на градот, во продажба се два блока влезници, за „Sky bar“ по цена од 250 денари и „Sky restaurant“ – 500 ден.

Од креативната и инвентивна кујна на хотел-ресторанот „Sky Corner“, пак, доаѓа уште едно вкусно изненадување. Имено, од денеска, 24 февруари, „Sky Corner“ почнува со надополнување на менито со дневно сезонско мени.

Ваше е само на време да обезбедите место за музичкото уживање со Неша Галија и да резервирате маса за да го вкусите новиот сезонски специјалитет на „Sky Corner“.

OhridNews