Ван Перси е прв со 24 голови, Суарез има еден помалку односно 23. Единствен фудбалер, кој може да го загрози голгетерот на “ѓаволите“ е Герет Бејл со 18 погодоци. До крајот на Премиер лигата остануваат уште четири натпревари, а Велшанецот ќе треба добро да ги намести нишански справи за да го симне Ван Перси од врвот.
Холандската машина за голови пред сезоната направи трансфер од Арсенал во Манчестер Јунајтед и во првата сезона успеа да освои трофеј во Премиер лигата, што не му успеа со “топџиите“ цели осум години.










