Советот на општина Охрид, денеска, ќе ја одржи 7-та седница.

На дневен ред се 23 точки, меѓу кои: Предлог одлуките за давање согласност за измени и дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, предлог одлуките за утврдување зони за утврдување пазарна вредност на недвижен имот, за прогласување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање на подрачјето на општина Охрид, предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, како и предлог одлуката за утврдување цени за користење на услуги на двокатниот панорамски автобус.

Со истата се предвидува цената за еден изминат километар да изнесува 80 денари, а  автоден (целодневно користење ) да изнесува 15.000 денари.

OhridNews