„Секојдневно оттука поминуваат туристи кои сакаат да се сликаат во нашиот двор. Како спомен, доколку имаме одвишок на палми, им ги подаруваме во саксија. Во моментов сме во потрага по автентични видови на растенија, кои треба уште повеќе да влијаат на изгледот. На еден начин украсени сме преку целата година, ако се земе предвид дека во зимскиот период имаме зимзелени растенија и јапонско јаболко, а во летото расцутени цвеќа и разеленета трева. Како и да е, секоја година имаме нов распоред и нов амбиент, кои му даваат специфичности на местото.“ – вели Методи Кесковски, кој заедно со својот татко Драги се главните архитекти на дворот.
Според најстариот член на ова охридско семејство, Даница Кесковска, тајната на успехот „лежи“ во редовното оддржување на фонтаната, вадењето на насадите и цвеќата, косењето и органското ѓубрење на тревата.
„Идејата за уредување на дворот дојде пред 10-тина години. Порано беше бавча, која јас ја оддржував, но со тек на време дојде до таа „борба“ помеѓу старото и модерното. Ги оставив младите да одлучат што понатаму. Сега дворот го оддржуваме преку целата година, односно секогаш кога има потреба за садење, пресадување, вадење, косење и ѓубрење. Наградата за најдобар двор ја добивме на 5-ти јуни оваа година за Денот на планетата Земја од Женскиот центар „Бисера“.“ – вели Кесковска.
Во зависност од годишното време, постојат различни параметри за оддржување на дворната површина. Во летниот период, тревата се коси еднаш неделно, а за тоа е задолжен „машкиот дел“ од семејството.
„Едногодишните растенија ги заменуваме со нови, а фонтаната која ја изградвиме пред седум години се оддржува и чисти еднаш неделно. Исто така, имаме жива вода која работи по прицнипот со пумпа. Од околу сме оградени со светла кои работат на соларна и електрична енергија создвајќи прекрасен ноќен амбиент. Најзастапено цвеќе е лавандата кое има специфичен мирис, а тука се и палмите, очињата, трендафилите, тисот и планиските цвеќа. Во моментов имаме засадно жива ограда од двете страни, која треба соодветно да порасне во идниот период. Тука е кивата, која важи за растение кое дава богат плод, но и дебела сенка.“ – додава Кесковски.
Како што велат од ова семејство, наградата за најдобро уреден двор претставува мотив, но и стимул за и другите граѓани што подобро да ги уредуваат своите дворни површини.
„Секако дека повторно ќе се кандидираме и идната година. Ова награда нека биде поттик и за останатите наши сограѓани, што подобро да ги уредат своите дворни површини. Без разлика дали станува збор за наградата или не, секој двор треба да биде соодветно уреден бидејќи Охрид е туристичко место.“ – додава Кесковски.