Постои застој и бавна динамика на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, a трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите и платени и створени трошоци “ со цел да даде одговор на прашањето дали јавните инвестиции кои се финансираат со средства од заеми се реализираат на ефикасен и економичен начин.

Со ревизијата утврдивме дека за изградба на патна делница, Автопатот А2 Кичево Охрид не е предвидено формирање на Единица за имплементација на проект, не е предвидена техничка помош/консултанти за реализација на проектот иако станува збор за комплексен и материјален проект. Поради измените во тек на градба за изградбата на Автопатот А2 Кичево Охрид од страна на јавното претпријатие поднесени се 64 инфраструктурни проекти, за кои постапката за одобрување во Министерство за транспорт и врски е започната во 2019 и 2020 година, а завршена е во 2021 година. За останатите патни делници одобрувањето на инфраструктурните проекти е завршено побрзо, во рок од неколку месеци. Од страна на Министерството добиени се информации според кои биле одобрени проекти за инфраструктура и издадени биле одобренија за градење за пет (5) делници од Автопатот А2 Кичево Охрид. Според Министертсвото доколку гореспоменатите измени и дополни на проектите за инфраструктура се групирале од страна на инвеститорот во пет (5) измени и дополни на проекти за инфраструктура, соодветно на петте делници од Автопатот А2 Кичево Охрид, постапката за одобрување на проектите за инфраструктура ќе била значително пократка, велат од ДЗР.

Според образложението од Министерството за транспорт и врски, додаваат, постапката на споро одобрување на проектите за инфраструктура не зависи само од министерството, бидејќи за нивно одобрување потребни се мислења и согласности од релевантни надлежни институции. Ваквата постапка на поднесување и одобрување на инфраструктурни проeкти, а кое е услов за започнување на постапка за експропријација придонесува за пролонгирање на постапката за експропријација, ризик од оштетени побарувања од страна на изведувачот поради неусогласеност на постапката со Меѓународната федерација на инженери-консултанти (FIDIC).

Со ревизијата утврдивме дека во јуни 2021 година од страна на ЈП за државни патишта доставена е ургенција38 до Судскиот совет на РСМ со сите дописи доставени до Судски совет, Врховен суд и други судски органи за кои немаат добиено одговор во кој укажуваат на ургентна потреба за разгледување на правното прашање поврзано со постоење на неусогласеност во спроведување на постапките за надомест на експроприран имот во судовите во РСМ, а посебно посочуваат на Основниот суд Охрид. ЈП за државни патишта укажува дека постапката за експропријација е итна постапка, а наведени се примери за одржување на десет (10), четиринаесет (14) а во некои предмети и седумнаесет (17) рочишта, со што според ЈП за државни патишта се прави директна повреда на економичност на постапката, на товар на инвеститорот и директно влијае на изградбата на Автопат А2 делница Кичево – Охрид. Во укажувањето е наведено дека постојат примери на исплатено решение со определен надоместок од 9 илјади денари, а исплатени трошоци во постапка на износ од 691 илјади денари; решение со надомест од 151 илјади денари, а трошоци во постапка од 443 илјади денари, велат.

Од доставените дописи увидовме дека во постапката се прави ново вештачење на иницијатива на сопствениците на имотот, а на товар на ЈП за државни патишта, велат од ДЗР додавајќи дека од оваа причина ревизијата смета дека е потребна анализа на законската регулатива во насока на ефикасна, фер и транспарентна постапка за експропријација, а сегашната состојба поради судската пракса на прифаќање на супервештачење на иницијатива на сопствениците, одолговлекување на постапката претставува висок ризик доколку спогодбено не се реши постапката за експропријација.

Со Конечниот извештај од спроведената ревизија на успешност на овластениот државен ревизор на Државниот завод за ревизија со тема „Управување со јавен долг – Задолжување на РСМ“ обелоденети се состојби за задолжувањето за финансирање на Проектот за изградба на патна делница Миладиновци Штип и патна делница Кичево Охрид за што склучени се договори за заем помеѓу Ексим банка на НР Кина и ЈП за државни патишта, а од страна на РСМ издадени се државни гаранции. За реализација на овие два проекти во октомври во 2013 година, во Собранието на РМ донесен е посебен закон78.

Во 2014 година, склучен е договор за заем79 за финансирање на изградба на Автопат Кичево Охрид, а во декември 2019 година, склучен е договор за дополнителен заем80. Договорите за изградба и сите негови измени претходно се усвоени од Собранието на РМ/РСМ со донесување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид. Вредноста на изградбата со анексот бр.3 изнесува 589 милиони евра, додаваат од ДЗР.

Со цел надминување на наведените состојби, ефекти и резултати, во ревизорскиот извештај дадени се препораки во функција на подобрување и унапредување на целокупниот процес на управување со јавните инвестиции.

OhridNews