Можат да се исклучат пумпните станици, но можеме да ги искористиме законските прописи и преку времена мерка да бараме да се врати напојувањето со електрична енергија, изјави во емисијата „Напладне“ на OhridNews директорот на претпријатието Марјан Ристески.
Но, проблем се долговите кои утре треба генерации и генерации да ги враќаат, наместо да вложуваме во инвестиции и да подобруваме и заменуваме водоводна мрежа, да намалуваме загуби на вода, да вложуваме во механизација и кадар. За жал ќе треба да ги плаќаме за струја во конкретниот случај, додава Ристески.
OhridNews











