Во оваа економска криза средствата од партиципација не се доволни за покривање на трошоците кои ги имаме во студенстките домови, што беше потенцирано и на состанокот кој го имавме во Министерството за образование и наука. Ова во емисијата „Напладне“ на OhridNews го изјави директорот на Државниот студентски дом „Никола Карев” во Охрид, Жарко Куциноски.

Имаше предлози за зголемување на партиципацијата, да видиме како ќе биде и со измените за Законот за млади. Мислам дека со измените ќе се реши проблемот во однос на финансирање на студентските домови бидејќи во ваква ситуација е неодржливо. Сега се форсира студентските домови да влезат под МОН, бидејќи само ние останавме надвор и не сме финансирани 100% за да можеме да ги издржиме овие трошоци, рече Куциноски.

Жарко Куциноски во “Напладне”: Ќе порасне ли цената на студентската партиципација?

OhridNews