„Ниту се подобрени условите за работа на пожарникарите ниту се набавени нова опрема и возила“ велат на денешниот прес од ОК Вмро Дпмне Охрид.
Додека Георгиески вработува нови шест пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки. Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К15. Партиските вработувања нема да го сокријат лошото менаџирање на Георгиески кога пожарникарите имаат на располагање само неколку возила, нефункционална опрема, без скала за висококатници, без возило да може да влезе низ тесните улички во стариот дел на градот, противпожарен брод, без услови за работа и опрема.“- додаде Перчо Божиновски, портпарол од ОК Вмро Дпмне Охрид.

OhridNews












