Во тек се градежни активности за поставување на 400 метри цевковод во населба „Шипокно“ од страна на екипите на ЈП „Водовод“, а по налог на Општина Охрид, информираат од Општина Охрид.

Со овој зафат значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата. Вредноста на зафатот изнесува 1 милион и 700 илјади денари, потенцираат.

Средствата за поставување на цевковод, велат, се одвоени од буџетот на Општина Охрид.

OhridNews