Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства да преземат мерки доколку утврдат дека има неосновано покачување на цените и злоупотреба на залихите на заштитните средства за спречување на пренесување на вирусот во аптеките, aпелира Владата.

Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови и медицински средства на  (МАЛМЕД) да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за спречување на пренесувањето на вирусот во аптеките, и доколку се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања. – најави Владата.

Владата ја поздрави одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година и ги охрабрува сите останати, како и сите граѓани, да ја почитуваат препораката и со тоа да покажат одговорност и да дадат придонес за спречување на ширењето на корона вирусот.

OhridNews