Во текот на наредните неколку дена ќе се врши реконструција на детското игралиште во населбата „Христо Узунов“, најави локалната самоуправа.

Се информираат жителите на населбата дека поради безбедност на децата, игралиштето ќе биде привремено затворено и нема да може да се користи. – стои во известувањето.

Детското игралиште ќе биде повторно достапно за користење откако ќе бидат завршени работните активности за реконструкција, соопшти Општина Охрид.

OhridNews