Екипи од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ од утре ќе почнат со расчистување и уредување на паркот „Мазија“.
Екипите од јавното претпријатие, во истиот парк, ќе извршат и кастрење и уредување на крошните од четири врби, додека други четири врби ќе бидат целосно отстранети, како што велат од локалната самоуправа, бидејќи се болни и потполно исушени и не постои можност за успешно санирање. Додаваат дека истите претставуваат опасност по животот на граѓаните.
Апелираме до еколошките друштва доколку имаат дилеми околу состојбата на четирите врби кои треба да се отстранат, да присуствуваат на акцијата за отстранување се со цел за надминување на недоразбирањата кои би се јавиле подоцна, велат од локалната самоуправа.
OhridNews












