На наредната седница на советот на општина Охрид, закажана на 25-ти октомври, петок, советниците ќе расправаат за предлог- одлуките за подигање на спомен-обележје за бродската несреќа од 05.09.2009 година, за формирање одбор за подигање спомен – обележје и локација за градба.

Спомен обележјето е веќе изработено, во Бугарија, според идејно решение на охриѓанецот Никола Сметеновски, дипломиран архитект вработен во ПСО при локалната самоуправа. Скулптурата која е наречена „Солзата на Роза“, е изработена од ковано железо, оксидирано, па премачкано со лак, а самата боја изгледа како железо кое е извлечено од вода по изминати десет години.

На дневен ред на седницата во петок, се и измени на програмите за работа на локалната самоуправа, разрешување на член во управните одбори во основните училишта, а ќе се гласа и за предлог-одлуките за изменување и дополнување на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2019 година, за донесување на буџетскиот календар, како и за исплатата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон доверителот „Моби Петрол“ ДООЕЛ Охрид.

OhridNews