Е-трговијата која подолг временски период успешно функционира во западните земји и САД, полека станува интегрален дел и од македонското општество. Интернет порталите како како „ebay“, „amazon“, „dealextreme“ и „alibabа“ се повеќе се примамливи за македонските купувачи, додека постепено расте бројот и на оние кои ги користат домашните онлајн-продавници.

Иако приоритетнa за сите нив е безбедноста на потрошувачот при онлајн-плаќање, сепак поради недоволната информираност, се уште кај домашните купувачи постои доза скептичност околу користење платежни картички при „пазарење“ преку интернет.

Иако постои скептичност кај граѓаните, бројот на оние кои користат платежна картичка при купување постепено се зголемува. Плаќањето е безбедно, бидејќи ние како компанија го користиме македонскиот касинг процесинг центар. Од мое лично искуство потрошувачите се уште прашуваат за безбедноста. Дел од нив преферираат плаќање со уплатница, бидејќи кај нас таква можност постои.“ – вели Алан Каоу, сопственик на охридската компанија „Келепур“.

Внимателно при онлајн-купување

Каоу потенцира дека како и во реалниот, така и во виртуелниот свет, потрошувачите мора да внимаваат од каде купуваат.

Опасност постои и од сопствениот компјутер, доколку истиот е заразен со вирус кој може да ги собере вашите податоци. Ако не постои енкрипција на страната, постои опасност околината да ги улови вашите податоци и да ги злоупотреби. Што се однесува до нашата страна, ние немаме допирна точка со податоците од платежните картички, бидејќи сето тоа оди преку процесинг центарот. Во секој случај, ние гарантираме за безбедноста, а за останатите страни, треба да се внимава каков процесинг користат.“ – потенцира Каоу.

Повеќе услуги достапни за онлајн-плаќање?

Каоу смета дека во светот секојдневно се појавуваат нови сервери, кои во иднина ќе придонесат голем дел од услугите да бидат достапни за плаќање преку интернет.

Тоа е тренд кој во иднина само ќе се зголемува и во никој случај нема да запре. Постои уште многу простор за дополнување, односно голем дел од услугите за кои плаќаме во кеш, со сигурност ќе бидат достапни и на интернет.“ – смета Каоу.

Позитивната страна на интернет продавниците

Горан Калајџиски со долгогодишно искуство во ИТ бизнисот, смета дека интернет продавниците нудат големи придобики. Меѓу предностите кои тој ги наведува се полесната компарација на цените, пристапот во секое време и од секое место, односно големиот избор на продукти во продавници кои што работат нон-стоп.

Една од најголемите придобивки за корисниците и адут број еден за да се убедат при користењето на ИТ е што нема чекање во ред. Исто така, има можност за полесна компарација на цените. Постојат неколку shopping search engine-и и веб-сајтови за компарација, кои што на клиентите/купувачите им овозможуваат да ги најдат  најпогодните цени.  Пристапот е возможен во секое време и од секое место, поготово за оние луќе кои што не жиеват во големите центри. Може да се набави било што независно од големината и во било кое време. Една од најголемите придобивки за сопствениците е што нема потреба од физичка продавница, а тоа им овозможува доста голема заштеда.“ – смета Калајџиски.

Неможност да се искусат продуктите пред да се купат

Освен позитивните работи, како негативни Калајџиски ги наведува отсуството од персонален контакт, неможноста да се искуси продуктот пред да се купи, потребата од специјални уреди и интернет конекција, но и можноста за измами со платежните картички.

За разлика од релациите кои што се остваруваат во нормалните продавници, во овој случај станува збор за една постерилна околина и отсуството на социјалниот аспект е доста воочливо. Постојат голем број на продукти кои што корисниците сакаат да ги допрат, осетат, слушнат, помирисаат пред да се одлучат за истиот. Овој луксуз не постои кај е-commerce-от. За негово користење потребни се компјутер, лап-топ или smartphone, кои бараат интернет конекција. Исто така, за жал во денешниот свет, постојат доста хакерски упади кои што ги одвраќаат корисниците од слободно користење на интернет продавниците. Покрај злоупотребата на платежните картички, постои голема опасност од злоупотреба и на идентитетот. Некои експерти сметаат дека ова може да доведе до замирање на оn-line бизнисот.“ – потенцира Калајџиски.

O.T.