Европската банка за обнова и развој и одобри на Република Македонија средства во вкупен износ од 86 милиони евра за изградба на патните правци од Охрид до Пештани и од Струга до Требеништа.

-Изградбата на новиот експресен пат од Охрид до Пештани во должина од 14,5 километри ќе се гради паралелно на постојаниот пат покрај плажите, а во натамошниот период ќе биде меѓусебно поврзан со попречни локални патишта. Со изградба на оваа делница на ниво на експресен пат ќе се олесни протокот на сообраќајот низ населените места особено во летните месеци од годината, пишува во соопштението од Министeрството за финансии на Република Македонија.

Автопатската делница од Требеништа до Струга ќе биде со должина од 8,5 километри. Автопатското решение предвидува изградба на нова делница со коловоз од по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента широка 2,5 метри во секој правец. Проектна брзина за движење на возилата ќе биде 120(130) км/час.

Изградба на овие патни правци ќе се реализира во рамки на втората транша од Програмата за национални патишта, за која се издвоени вкупно 160 милинони евра.

Освен средства за изграба на изградба на национални патишта, ЕБОР издвои и 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија.

Според информациите од ресорното министерство, средствата се добиени со рок на отплата 15 години со грејс период од 4 години и каматна стапка која во моментов изнесува 1,15% (6-месечен ЕУРИБОР плус 1%).

OhridNews