Благодарение на третманот со индустриски озон, технологија што кај нас ја користи специјализираната компанија “Eco Wash” – Охрид, долготрајно и целосно може да се ослободите се од закоравените непријатни мириси од цигари, пијалок, храна, влага, мувла, домашни миленици и слично, во вашиот автомобиол, објект или дом.

– Третманот со индустриски озон продира неколку милиметри во секаков вид на материјал и длабински ги уништува сите непријатни мириси, а воедно создава свеж мирис и врши дезинфекција. Озонот е најдобар и најефикасен природен стерилизатор и оксидатор. Третманот е посебно препорачлив за автомобилите (и најразличен вид на возила) или објектите во кои се превезуваат и живеат мали деца, како и луѓе кои имаат проблеми со астма и алергии. – посочуваат од “Eco Wash” – Охрид.

“Eco Wash” – Охрид нуди посебна понуда на компании за превоз кои имаат повеќе автобуси, комбиња и камиони; автоплацеви, такси компании; хотели, вили и апартмани кои сакаат да го вратат свежиот мирис на собата и да го отстранат мирисот од цигари, алкохол и готвење; лекарски ординации (дезинфекција); пловни објекти; канцеларии и слично…

Третманот за автомобил трае околу 30 минути, а цената на истиот ќе чини 600 денари.
За првите 10 автомобили промотивна цена од 500 денари. 
За објекти и поголеми возила цената зависи од големината на истите. 
Третманот со озон препорачливо е да се прави барем еднаш годишно. 
За повеќе информации контактирајте го “Eco Wash” – Охрид на 070/706-333 и следете ги новините на “Eco Wash” – Охрид на Фејсбук.