Еколошкото душтво Грашница со барање до надлежните- стопанисувањето со Охридското езеро  да се додели  на  локалните  самоуправи  на Охрид  и Струга. Како што тврдат од Грашница, локалните самоуправи подобро  ги знаат  проблемите   со  езерската  фауна,  а согласно тоа би се носеле посоодветни одлуки во однос на заштитата  на езерото  и неговата  флора  и фауна.

Членовите на еколошкото друштво со совет во  иднина  добро  да  се размисли    на  кој  вид  риболов  му се дава предност.

– Мрестилиштето  во Хидробиолошки  Завод  од  Охрид  да прерасне  во  главен  репро  центар   за   развој  на рибниот  фонд  на Охридската  пастрмка  за целото  сливно  подрачје  од  Охридското Езеро. Работата  на Мрестилиштето  да  биде  финансирана  од  Министерството  за земјоделсто  со  наменски  средства  за развој  и заштита  на рибарството. Во  текот  на  забраната  да   се прати  моменталната   состојба  со  езерото,   односно  неговиот  рибен  фонд и одговорно да се  однесуваат сите  институции кои се  ангажирани  во  заштитата, одгледувањето  и порибувањето  со  квалитетен  рибен  подмладок  на  Охридското  Езеро, вели претседателот на Грашница, Лазо Наумоски.

Тој додава дека е потребна и едукација  на граѓаните  кои  живеат  покрај  брегот  на Охридското  Езеро, на кои преку  проекти  и  користење  на средства  од  Европските  фондови  и  со помош од Владата  на РМ  би им се помогнало тие да се вработат за да не ја бараат својата  егзистенција  во  нелегалниот  улов  на  ендемичните  риби  од  водите   на Охридското  Езеро.
Како особено важно, Наумоски ја потенцира потребата од формирање мешовито јавно билатерално претпријатие помеѓу Македонија и Албанија за заштита, контрола и порибување на езерото.

– Со ова  меѓудржавно  јавно  претпријатије  би  се постигнало  целосна  контрола  на  езерото   во  процесот  на стабилизирање на рибниот  фонд   , негова  успешна  заштита  како и негово  порибување  со  квалитетен  рибен  подмладок, нагласува Наумоски.

OhridNews