Неодамнешниот настан е симбол на самоволието и борбата за профит. Она што загрижува е непромислената бетонизацијата на градот која како валјак го гази зелениот појас кој го има се помалку. Уште колку дрва чекаат смртна казна со сечење?, прашуваат од ЕД “Грашница”.
Од таму додаваат дека реагирале и пред две години кога се сечел боровиот шумски појас пред Хидрометеоролошката станица. Тогаш како причина за сечењето било наведено создавањето подобар видик кон зезерото.
– Пред една година излеговме на лице место во одбрана на сечењето на појасот дрва на потегот кон Горица. Ни беше кажано дека се сечат поради опасноста за минувачите и при тоа добивме ветување дека ќе се садат нови. Нови дрва не се посадија, само некој се офајди од пресечените стебла. Мислевме дека комисијата која ги дава одобренијата за сечење работи совесно, но се излагавме. Затоа ќе поднесеме барање до комисијата во нејзината работа да биде вклучен и член од граѓанска организација од Охрид, со право на глас, велат од ЕД “Грашница”.
Екологистите им порачуваат на членовите од комисијата дека со носењето на одлуки за сечење на дрва ја сечат и гранката на која седат.