По повод 22-ри март, Светскиот ден на водите, ЕД Грашница – Охрид во рамките на своите редовни теренски активности, спроведе еко-мониторинг на Коселска Река, од вливот на реката до нејзиното устието во с. Опеница.

Од ЕД Грашница реагираат дека се стеснува коритото на реката, а истата се загадува со фрлање на градежен шут, пестициди и остатоци од земјоделски производи. Исто така, од еколошкото друштво потенцираат дека на овој речен басен бесправно се прават прегради и насипи, додека во летниот период браната во селото Косел одзема дури 60 отсто од протокот за наводнување.

OhridNews