Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 22 пожари на отворен простор ширум државава. Од нив, активен е еден, еден е ставен под контрола, изгаснати се 20, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот на границата меѓу општините Долнени и Чашка е ставен под контрола. Опожарена е мешана шума во овој предел.
Меѓу 20-те изгаснати пожари е и на планината Галичица.
OhridNews
фото. Архива











