Македонската кошаркаска репрезентација минимално со 70-69 ја победи Словнија во првата од двете контроли во Птуј. Избраниците на Докузовски ја прекинаа низата порази и благодарение на ударите од далечина стигнаа до втората победа во подготвките.


За 40 минути македонските кошаркари погодија девет удари за три, имаа солидна игра во одбранта каде командуваше Тодоро Гечевски. Воедно кавадарчанецот беше нашиот најпрецизен играч со 15 поени. Стојаноски постигна 11 додека Караџоски уфрли 9 поени.

По одигрувањето на втората тест средба со учесниокот на СП во Турција, домаќинот Словенија, репрезентативците ќе пристигнат во Охрид, каде ќе се одигра турнирот “Трофеј Македонија“.

М.П.