Борусија Дортмунд прокнижи нови три бода, откако на домашен терен го совлада Вердер Бремен со минимални 1-0. Стрелец на погодокот вреден победа беше јапонецот Кагава во првиот дел.

Мајнц и македонскиот репрезентативец Николче Новески полека го губат здивот во Бундес Лигата. “Црвените“ претрпеа пораз од Аугзбург со 2-1, и се “лизнаа“ во долниот дел од табелата.

Резултати : Дортмунд – Вердер 1-0, Аугзбург – Мајнц 2-1, Леверкузен – Менхенгладбах 1-2, Нирнберг – Волфзбург 1-3, Хамбургер – Фрајбург 1-3, Херта – Баерн Минхен

Табела: Дортмунд 59, Баерн Минхен 51, Менхенгладбах 51, Шалке 47, Леверкузен 40. . .

Мх.П.