Со двата погодоци за Барселона во победата против Реал Бетис (2-1), Лионел Меси го сруши и помина рекордот на германскиот фудбалер Герд Милер во голови постигнати во една календарска година.

Рекордот стар повеќе од 30 години изнесуваше 85 голови, а Меси во 2012 година го надмина постигнувајќи 86 голови.

Сезоната од соништата Лионел Меси може да ја затвори на најдобар можен начин ако на 7 јануари се закити со наградата за најдобар фудбалер на светот односно “златната топка“ што би била четврта во низа и ќе биде прв фудбалер со ваков подвиг.

Мх.П.