Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров ќе мирува следниот месец, откако деталните резултати покажаа оштетување на десниот мускул.

Лазаров се повреди на мечот со Шпанија на стартот од главната фаза на ЕП, но и повреден тој беше во составот за дуелот со Чешка и ги шутираше пеналите.

Десниот бек ќе го пропушти вечерашниот дуел со Данска, а неговото место ќе го заземе Гоце Ојлески. На терените македонскиот репрезентативец ќе се врати кон крајот на месец февруари.

OhridNews