Еден месец по тешката несреќа на скијање во француските Алпи, Михаел Шумахер, сè уште се наоѓа во кома, на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница во Гренобл.

Лекарскиот тим многу ретко излегува со соопштенија за состојбата на Формула 1 легендата. Исто така, новинарите ги избегнува и тимот на Шумахер, неговата портпаролка, Забине Кем, последен пат на новинарите им се обрати на 17.јануари, кога изјави дека „состојбата на Шумахер е стабилна, но и понатаму критична“, пренесува „Макфакс“.

Шумахер, во болницата во Гренобл е хоспитализиран на 29.декември минатата година, откако на скијање се здобил со сериозни повреди на главата.

Тој тогаш е ставен во вештачка, индуцирана кома, а во меѓувреме лекарите во Гренобл извршија две операции врз неговиот мозок.

OhridNews
извор:„Макфакс“