Еден од помошниците на Лино Червар, Ице Соколески е нов тренер на ракокометниот клуб Прилеп. Младиот стратег на клупата од прилепчани го наследува Томче Петрески кој замина по завршување на есенската полусезона.
– Го прифаќам предизвикот, јас сум подготвен да одговорам и свесен сум што ме очекува. Добро е секој клуб да се темели на домашните играчи, така било и во најдобрите денови на “Тутунски Комбинат”, каде костурот на тимот се темелеше на младите играчи, а така ќе биде и во иднина и оваа пролет. Очекуваме оваа недела да ни се приклучи нов голман, кој заедно со Огнен Трајковски и Ивчески Илчо (се приклучува од младинскиот тим), ќе го претставува голманското трио во иднина. Имаме ситуација каде имаме склоп на искусни играчи со многу млади играчи. – рече новиот стратег, а пренесува „24ракомет“.
Соколески кој му беше десна рака на Петрески најави промена на стилот на игра и многу повеќе акцент ќе стави на одбраната.
Прилепчани се уште се во игра за пласман на местата на табелата кои водат во плејофот. На четири натпревари од крајот на регуларниот дел во Супер лигата, Прилеп има три бодови од Борец кој се наоѓа на четвртата позиција, последна која гарантира билет за мечевите за титула.
Фото: Архива
OhridNews