Едно лице се здобило со огнострелни повреди во оружен инцидент што пред малку се случи на булеварот „Туристичка“ во близина на кружниот тек со улица „Бистрица“ во Охрид.

СВР Охрид го потврди инцидентот и соопшти дека ранетото лице се наоѓа надвор од животна опасност.

-Во моментов во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расветлување на случајот. – изјави за OhridNews портапролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Засега не се соопштува идентитетот на повредениот, како и тоа дали се познати мотивите за немилиот настан.

Во тек е увид, а местото на настанот го обезбедуваат голем број полицајци.

OhridNews