Во Ниш- Србија, деновиве, се одржа втората  Балканска конференција „Денови на кластерот“, на која учесници од Бугарија,Хрватска, Словенија,Романија , Македонија , Шпанија, Данска и од земјата домаќин  Србија разговараа за идна заедничка соработка и вмрежување.

Во македонската делегација, предводена од претставник од Министерството за економија и ГИЗ, беше и Сузана Наумоска, претседател на Кластерот за туризам на Југозападна Македонија „ЕДЕН “ .


–  Со потпишување на писмо на намери , односно меморандум за соработка, нашиот кластер полека станува дел од Балканската мрежа на кластери во која непосредно се вклучени и кластери од цела Европа. Во Ниш се дискутираше за Стратешкото планирање и  развојот на  кластерите на Балканот, за улогата на меѓународните организации и нивната поддршка во развојот на кластерите, а слушнавме и низа успешни приказни за кластерите кои брзо стигнале до својата цел и сега ја надоградуваат, вели Наумоска.

Во рамки на конференцијата се изврши и промоција на брошурата за алтернативен туризам – дело на кластерот „ЕДЕН “.


Идната година е предвидено конференцијата да се одржи во  Софија, а во 2014 година домаќин ќе биде Охрид. „Деновите на кластерот“ во Ниш го привлекоја вниманието на дипломатскиот кор во Србија, на министерствата од Балканот , на претставниците на мали и средни претпријатија и на кластерите од Балканот и Европа. Домаќин беше „Куќата на кластерите“ од Ниш и Србија со поддршка на програмата за локален економски развој на Балканот – ЛЕДИБ од Данска .

OhridNews