Министерството за внатрешни работи информира и дека Струшката полициска станица има поднесено кривична пријава против едно лица од Струга, за сторено кривично дело „насилство“. Имено, на 1- ви септември годинава, околу 4 часот и 10 минути во Струга, во кафе-бар „Милано“, пријавениот со две палки, без повод и причина почнал да го крши инвентарот, со што предизвикал страв и вознемиреност кај присутните. Откако, дошол сопственикот, пријавениот физички го нападнал истиот, кој пак во самоодбрана му нанел повреда во пределот на главата. Истражен судија на напаѓачот му одреди мерка притвор во траење од 20 дена.
Eден стружанец приведен поради незаконит риболов, друг заработи кривична поради насилство
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com