Секоја година во светот, од болести на срцето и крвните садови на мозокот умираат 17,3 милиони луѓе. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеќе заболуваат лица под 65 години, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Според статистиките на Институтот за јавно здравје 57 отсто од смртните случаи во Македонија во 2010 се последица на кардиоваскуларните заболувања. Доколку не се превземат соодветни мерки до 2030 г., 23,6 милиони луЃе, секоја година ќе умираат од срцево-садови заболувања (главно од срцеви и мозочни удари).
Светската федерација за срце, истакнува дека 80% од предвремената смртност предизвикани од болестите на срцето и мозочниот удар може да се спречи со контрола на неколку значајни фактори на ризик, во кои спаѓаат пушење, неправилна исхрана и физичка неактивност.
По повод Светскиот ден на срцето, 29-ти септември, ПЗУ Поликлиника Маџаров денеска ќе врши бесплатни кардиолошки консултативни прегледи, односно мерење на крвен притисок, ЕКГ, испитување на маснотиите и шеќерот во крвта.
Заинтересираните граѓани треба да понесат со себе здравствена книшка и лична карта.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com