
Инцидентот се случил околу 23,30 часот синоќа во Тетово на улицата „188“ по претходна расправија меѓу тетовците 33-годишниот А.Б. и 30-годишниот Б.М. од една страна, и од друга страна 37-годишниот Х.М., М. Х. на 34 и Х.К. на 39 години, од друга страна, кога осомничениот со иницијали Б.М. во еден момент од огнено оружје почнал да пука кон другите тројца при што Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. се здобиле со прострелни рани во пределот на нозете. Тие се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на обвинителството телото на починатиот е предадено за обдукција.
Тетовската полиција соопшти дека во моментов се работи на пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews
					



							






