
Во несреќата се судриле автомобил „лада“ со скопски регистерски ознаки и патничко комбе „форд транзит“ со белградски регистерски ознаки. Во сообраќајката на лице место загинал триесет и едногодишниот Мирче, возач на автомобилот, а со тешки телесни повреди се здобил неговиот деветнаесетгодишен сопатник.
Со телесни повреди се здобил возачот на комбето, четириесет и двегодишиот А.Б. и уште двајца сопатници од комбето, сите од Србија.
Тешко повредениот е пренесен во Ургентен центар, додека полесно повредените во градската болница „Наум Охридски“. Автомобилот е речиси целосно оштетен, а телото на починатиот го ваделе пожарникари.
OhridNews
Извор:„Макфакс“











