
Сообраќајната незгода се случила во моментот кога, сега починатиот Живко Р. кој од Ресен кон Охрид управувал патничко моторно возило марка ,,Лада,, без регистарски таблици, на критич- ното место изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот кон десната страна од патот. Притоа, возилото удрило во карпа по што се превртело на кровот.
На лице место, увид извршија екипи на СВР Охрид, Истражен судија и заменик Јавен обвинител при Основнот суд во Охрид. Во времето од 04.30 до 07.30 часот кога траеше увидот, магистралниот пат Ресен-Охрид беше затворен за сообраќај.
извор СВР Охрид












