Владејачката Социјалистичка партија,предводена од премиерот Еди Рама, ќе освои меѓу 45 и 49 отсто од гласовите, или повеќе од 70 од 140 места во парламентот, но не ќе може самостојно да формира влада. Излезните анкети покажуваат дека опозициската Демократска партија ќе има до 34 отсто освоени гласови. Одзивот на гласачите до 17 часот бил под 50 отсто, што беше причина гласачките места да бидат отворени еден час подолго.

И Рама и опозиционерот Љуљзим Баша ги повикуваа Албанците да излезат на гласање, бидејѓи нивниот живот може да се смени само со излегување на изборите.

Денешните избори се деветти парламентарни избори од демократизацијата на земјата и први од полноправното членство на Албанија во НАТО и добивањето на кандидатски статус за влегување во ЕУ.

OhridNews